Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче ги демантира обвинувањата: Тендерот за стерилизација не е завршен

Филипче ги демантира обвинувањата: Тендерот за стерилизација не е завршен

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се е транспарентно во тендерот преку кој се бара фирма за стерилизирање и дека се уште не е одбран операторот, откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека на истиот учествуваат две компании на контроверзниот бизнисмен од Косово, Илир Рапај.

- Филипче уште веднаш треба да објасни која е поврзаноста помеѓу него, помеѓу луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај кој е тесно поврзан со двете фирми кои се активни на тендерот за стерилизација. Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со скандалозниот Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери од Албанија и италија. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од три компании, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој додава дека Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.

Ова Филипче експресно го демантираше, велејќи дека евалуацијата е се уште во тек и дека наскоро ќе биде одбран операторот.

- Тоа се клевети. Постапката е отворена и транспарентна. Се уште не е избрана фирмата за стерилизација, не сакам да коментирам бидејќи евалуацијата е во тек. Ќе излеземе во јавност по истата и ќе видиме каква ќе биде постапката понатаму - рече Филипче во телефонски разговор за Канал 5.

Слично

Поврзани вести