Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче формира Комисија која треба да го расчисти случајот со родилката од Дебар

Филипче формира Комисија која треба да го расчисти случајот со родилката од Дебар

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и  лекарскиот третман на родилката од Дебар. 

Комисијата која е составена по барање на министерот, има 5 члена, и има задача да изврши надзор над стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.

„Министерот Филипче, бара од Комисијата, извештајот задолжително да содржи констатирана состојба, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита. Членовите на Комисијата формирана од Филипче, треба да дадат стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пацинетот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или прпопусти и рокови за нивно отстранување“, информираат од Министерството за здравство. 
Платформата за родова еднаквост најостро, како што велат реагира на прес-конференцијата на Лекарската комора и на информацијата дека стручниот надзор на Комората не утврдил никаква лекарска грешка во случајот со родилката Јелдз Веапоска од Дебар. 
Болниците станаа „жолта куќа“ во која никој не е безбеден. Последниот скандал со Јилдиз Веапоска, родилката од Струга, ја прелеа чашата која се полнеше со повеќе случаи во кои пациенти завршиле трагично поради лекарски грешки кои не биле санкционирани, велат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во повикот за протест во сабота. Родилката по породувањето останала без јајник, матка и еден бубрег. 

Слично

Поврзани вести