Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Есента може да биде многу посериозен проблем за нашиот здравствен систем

ФИЛИПЧЕ: Есента може да биде многу посериозен проблем за нашиот здравствен систем

Очекувам бројот на заразени со Ковид-19 да се намалува, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, истовремено нагласувајќи дека  есенски период ќе биде поголем предизвик, кога бројот повторно може да почне да се зголемува.

За време на одржување на пресот, се уште немаше официјална статистика за бројот на новозаразени во последното деноноќие, но министерот Филипче рече дека бројките се слични на вчерашните.

-Пред нас имаме летни месеци. Во изминатите 5-6 дена факторот на пренесување е под единица и се надевам дека така и ќе остане и во следниот период и врз основа на тоа ќе видиме и намалување на бројот на пациенти. Ова го кажувам со резерва. Но потоа доаѓаат есенските месеци, луѓето ќе почнат повеќе од времето да го минуваат во затворено, школите ќе почнат со работа и тоа се сериозни ризик фактори, и тоа може,заедно со останатиот број на пациенти заради друга патологија, да биде сериозен проблем за нашиот здравствен систем, многу поголем предизвик и од првиот и од вториот бран. Не само кај нас, насекаде во регионот, истакна министерот.


Слично

Поврзани вести