Филипче: Eден живот е спасен, а на другите двајца целосно ќе им биде сменет
Утринава е извршена петтата трансплантација на срце во земјава.
Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека хируршката интервенција е завршена. Спасен е човечки живот и е подобрен квалитетот на живот на двајца други пациенти, со органите донирани од 42-годишна пациентка.
„Сакам прво да изразам голема благодарност до семејството на починатата пациентка којашто за жал имаше спонтано крварење во главата, мозокот и практично беше дијагностицирана мозочна смрт. А, нејзиното семејство (сопругот, братот) ја испочитуваа нејзината волја и желба којашто ја искажала уште за време на животот, а тоа е во случај на евентуална смрт да се донираат нејзините органи. Токму благодарение на тој еден навистина чин на човекољубие, беше транплантирано срцето на 66 – годишен пациент, за којшто немаше друга алтернатива, не беше кандидат за вештачко срце, а неговото срце работеше со капацитет помал од 20 отсто“, изјави Филипче.
Тој рече дека се завршени и другите две операции, односно трансплантација на бубрези.
