Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Еден починат и 36 излекувани пациенти

Филипче: Еден починат и 36 излекувани пациенти

Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти, вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

Починал еден пациент на возраст од 80 години. 

Потврдени се 26 нови случаи во последните 24 часа. Сега имаме 1.326 потврдени случаи на Ковид 19 во Македонија. 

Како донација од ЕУ стигнаа 12 респиратори, и голем број заштитни маски. 

„Ќе бидат распределени на Инфективната клиника и во болницата „8-ми Септември“, рече министерот. 

Филипче за Дебар вели дека подолго време состојбата е стабилна и нема нови случаи. 

Тоа било основа за старт на скринингот. 

Тестовите се испратени и скринингот ќе се спроведе во наредниот период.

Слично

Поврзани вести