Филипче: Eден пациент почина, а 50 здравствени работници во Куманово се вратени на работа
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека денеска имаме еден пациент на возраст од 65 години, кој починал.
Има седум потврдени случаи на Ковид 19. Вкупната бројка од почетокот на епидемијата е 1.518.Министерот вели дека над 50 здравствени работници од 70 кои беа заразени во Куманово, се вратени на работа.
„Сите имаат два негативни тестови согласно критериумот. Сите одделенија во болницата функционираат нормално“, вели Филипче.Министерот вели дека во Клиничкиот центар ќе има брз проток на пациентите.
Додаде дека бројот на активни пациенти во земјата се намалува и според него тоа е успешна стратегија.
Вели дека досега ниту една мерка не е донесена од политички мотиви.
Додаде дека кога и да се одржат избори, тие ќе бидат организирани под посебен протокол.
Филипче вели дека сите интервенции кај хронично болните кои биле откажани изминатиот период, сега ќе имаат приоритет.
Слично
