Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Двајца пациенти се негативни, за час и половина ќе има резултати и за друго лице

Филипче: Двајца пациенти се негативни, за час и половина ќе има резултати и за друго лице

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференија изјави дека пациентката која е заразена со коронавирус се чувствува добро. 

Другите двајца пациенти кои се тестирани, немаат коронавирус. 

Се работи за еден возач, и една жена која допатувала од Италија. 

За час и половина ќе има резултати и за друго лице. 

„Во овој момент на Клиниката за инфективни болести, освен за оној за кој се чекаат резултати, нема ниту еден сомнителен“, рече министерот. 

Повтори дека граѓаните не треба да патуваат во критичните региони. 

Во домашна изолација се 12 луѓе, во Скопје и Струмица. 

Слично

Поврзани вести