ФИЛИПЧЕ: Докторите ќе можат да оперираат и во јавни и во приватни болници, нема да бидат ограничени само во една установа
Докторите ќе можат да оперираат и во јавни и во приватни болници низ целата земја, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Со новата предлог измена на Законот за здравствена заштита, како што вели, докторите ќе може по потреба да патуваат во друг град за да дадат одредена здравствена услуга.
„Докторот нема да биде стриктно ограничен да работи само во установата каде што работи, туку неговата експертиза, знаење и услуга ќе може да ја пружа низ целата држава, таму кадешто за тоа ќе има потреба. Пациентите повеќе нема да патуваат од другите градови во Скопје, туку ќе патуваат докторите. Пациентите се на прво место и правиме сѐ да го подобриме нивното здравје“, напиша Филипче.
Слично
