Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Доктор психијатар од болницата во Демир Хисар е позитивен

Филипче: Доктор психијатар од болницата во Демир Хисар е позитивен

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека има 30 нови случаи на заразени во коронавирусот во земјава. 

Сега имаме 384 заразени лица во Македонија. 

Осум пациенти се со потешка клиничка слика. 

Неколку пациенти се добри, ќе бидат тестирани, по што е можно да бидат испишани и да заминат на домашно лекување. 

Доктор психијатар од болницата во Демир Хисар е асимптоматски, но е заразен. 

Центарот за ментално здравје во Прилеп кој управува со болницата ќе биде затворен. 

„Капацитетот на Инфективната клиника е исполнет 50 проценти“, вели министерот. 

Филипче вели дека им е одобрен пристап до европскиот солидарен фонд. 

Слично

Поврзани вести