Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Добиен е лек авиган од Јапонија

Филипче: Добиен е лек авиган од Јапонија

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека има 379 хоспитализирани пациенти заразени со Ковид -19. 

Вели дека има капацитет за сместување во болниците, и тоа во Битола, Охрид, Куманово, Гостивар, Прилеп. 

„Од денеска започнува да се организира во крајна фаза и да профункционира и лабораторијата во болницата во Битола, со што ќе се анализираат брисеви од Битола и регионот“, рече министерот. 

Филипче вели дека медицинскиот персонал е навистина преморен, и секој ден прават ротации. 

Од 12 до 20 месецов, најмногу заразени има во Скопје и Тетово, и тие се најголеми жаришта. Има заболени од сите возрасни групи, а најзастапени се постарите над 60 години. 

Добиле лек авиган од Јапонија, со помош на јапонската амбасада.

Министерот вели дека овој лек се користи за болест предизвикана од коронавирусот и има добри резултати во многу земји во светот. 

„Се препишува преку бројни анализи на крвта“, изјави Филипче. 

За 24 часа има 9 починати и 90 нови заразени од Ковид - 19. 

Слично

Поврзани вести