Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче до Зибери: Нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата

Филипче до Зибери: Нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата

Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете, му одговори на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче на  директорот за јавно здравје, Арбен Зибери. 

Филипче вели дека ако сме во изборна кампања, не значи дека е дозволено да изнесува невистини. 

„Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува. Моја должност како министер меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки. Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата“, пишува Филипче. 

Откако директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, се пофали дека како член на Комисијата за заразни болести помогнал за отворањето на границите, без да се прават Ковид-тестови и мерка карантин, со цел иселениците Албанци да може да дојдат и да гласаат на изборите на денешната прес-конференција, Филипче најави дека станува збор за евтина и лоша предизборна политика која никому не оди во корист.

Тој рече дека ќе се консултира со правници и ако може директорот ќе биде сменет. 

Зибери му порача на министерот дека никогаш не ја злоупотребил институцијата со која менаџира. Зибери упати и критики кон Филипче, а најавата за негово разрешување смета дека има изборна позадина.

Границите се отвораат утре, и ќе се поминуваат без корона тестови и без обврска за карантин. 

Слично

Поврзани вести