Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ - наша цел е да ви го решиме статусот со трајно вработување

ФИЛИПЧЕ ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ - наша цел е да ви го решиме статусот со трајно вработување

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска имал средба со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во коивд центрите во Клинички центар. На состанокот се разговараше за регулирањето на нивниот статус, како и условите во коишто работат.

Филипче кажа дека Министертсвото за здравство и оваа Влада отворија можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство во земјава и таквата политика ќе продолжи.

„Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на младите лекари во земјава со трајно вработување“, рече Филипче.

Разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.

Слично

Поврзани вести