Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ДО МИЦКОСКИ: Тајно се договарате со трговците, јавно глумиш загрижен политичар

ФИЛИПЧЕ ДО МИЦКОСКИ: Тајно се договарате со трговците, јавно глумиш загрижен политичар

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека тој е виновен за измамата со кошничките, но и за растот на сиромаштијата. 

„Го слушам Мицкоски денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате, а во јавноста глумите загрижен политичар“, рече Филипче на конференција на општинската организација во Битола.

Филипче тврди дека само по шест месеци Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните, бидејќи сметките растат, цените растат, а ‘Владата со измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага“.

Мицкоски денеска изјави дека очекува „робусна и жестока акција’ на големите ланци на маркети кои ‘манипулирале и користеле трикови со владините мерки за намалување на цените’.

Последните податоци на ССМ покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62.861 денари. 

фото Фејсбук/Венко Филипче

Слично

Поврзани вести