Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче до Цеков: Вратата на СДСМ е отворена за сите што сакаат да се оградат од криминалната власт

Филипче до Цеков: Вратата на СДСМ е отворена за сите што сакаат да се оградат од криминалната власт

Вратата на СДСМ е отворена за сите што сакаат да се оградат од оваа криминална група и да не бидат запаметени како соучесници во пропаста на Македонија, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката на пратеникот Миле Цеков да ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и да делува како независен пратеник. 

„Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа! Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста! На сите кои сакаат да се оградат од оваа криминална група и да не бидат запаметени како соучесници во пропаста на Македонија – вратата на СДСМ е отворена за соработка. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, пишува Филипче во објавата на Икс.


Од ЗНАМ рекоа дека не се изненадени од постапката на Цеков. 

фото X

Слично

Поврзани вести