Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Дискутабилно работното време за Нова Година

Филипче: Дискутабилно работното време за Нова Година

Министерот за здравство, Венко Филипче, во утринското гостување во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител рече дека единствено дискутабилно за Нова Година во наредниот период ќе биде работното време на угостителските објекти за празничната вечер.

Сепак, според министерот воведувањето на полицискиот час не е решение за претстојните новогодишни празници, но предупреди дека граѓаните мора да бидат внимателни бидејќи собирите се голем ризик и можат да предизвикаат мини кластери.

Најави дека на еден од следните состаноци ќе се дискутира за работното време на угостителските објекти во смисла на воведување дополнителна рестриктивна мерка.

„Мислам дека полициски час и карантин нема да има ефект за време на новогодишните празници, затоа што веќе имаме добро димензионирани мерки кои доколку се почитуваат ќе дадат ефект, и впрочем тоа се гледа. Ние веќе имаме намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но работното време на места на коишто може да се собираат луѓе, за тоа ќе се дискутира на состаноците“, изјави Филипче.


Слично

Поврзани вести