Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Денес за прв пат имаме повеќе оздравени отколку активни случаи

Филипче: Денес за прв пат имаме повеќе оздравени отколку активни случаи

Денеска се регистрирани 111 оздравени пациенти, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција. 

Вели дека денес за прв пат имаме повеќе оздравени отколку активни случаи. 

Регистрирaни се четири смртни случаи. 

Се работи за луѓе од Скопје, Гостивар, и две лица од кумановско Лопате и од Горно Којнаре. 

Има потврдени 23 нови случаи на Ковид 19, соопшти министерот. 


„Утрово разговараме на Комисијата за заразни болести, и констатацијата е дека се намалуваат индикациите за тестирања, како во пунктовите и во приватните лабаратории, и ова оди во насока на стиштување што го очекувавме во овој период“, вели Филипче. 

Додаде дека има протоколи изготвени за јавен превоз, работа на фабрики, и други субјекти, и тие ќе бидат презентирани идната недела. Со ова ќе олабавуваат мерките постепено.  Денес за прв пат е екстрахирана плазма од двајца пациенти и таа ќе биде аплицирана на други пациенти. 

За студијата од Сингапур, дека корона кризата кај нас ќе заврши до 16 јуни, рече дека ништо не можат да коментираат и многу е тешко да се верува дека вирусот ќе исчезне. 

Во однос на карантинот, полицискиот час, Филипче смета дека за земјава се одбрани соодветни мерки. 

Слично

Поврзани вести