Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче даде коментар за случајот со починатиот сточар од кратовско

Филипче даде коментар за случајот со починатиот сточар од кратовско

Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 даде мислење за случајот во кратовско каде почина сточарот Златко Божинов. 

Него лекарите во импровизирана носилка го носеа низ стрмен терен, со цел да го траспортираат во болница, а за помош никој не се одзвал. Министерот вели дека мора да се направи проценка, и да се види што точно се случило. 

Рече дека се слушнал со лекарот, и тој брзо бил таму на терен, но другите институции не комуницирале како што треба. Филипче вели дека истрагата ќе покаже каде затаил системот. Но, нагласи дека Брзата помош реагирала навреме. 

„Ние не сме земја која има неограничени ресурси, во некој дел треба да ги вклучиме и приватните ресурси. Колегата бил таму навреме“, рече министерот. 

Откако ЦУК утврди серија пропусти и кршење на процедурите во случајот со спасувањето на премрзнатиот овчар во кратовското село Емирица кој потоа почина, ќе истражува и Обвинителството. 

Лекарската екипа побарала помош од неколку институции, но никој не им излегол во пресрет да им помогнат за транспорт на пациентот. Човекот потоа почина во болницата во Штип на 63 годишна возраст. 

Слично

Поврзани вести