Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Да се излезе на гласање, апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Да се излезе на гласање, апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ

На локалните избори традиционално има помала излезеност во земјата, а лидерот на СДСМ,Венко Филипче,овој пат ги повика граѓаните да не седат дома на денот на гласањето.
„Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори. Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. 
Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија“, рече Филипче при говорот во Македонска Каменица.

Истовремено го повика и членството на опозициската партија да не се повлекува во апатија.
„Овава не е време за апатија и повлекување. Ова е време кога мораме да донесеме одлука. Дали да останеме пасивни и да гледаме како она што со децении сме го граделе сега се распаѓа, или да застанеме заедно и да го заштитиме она што ни е најважно – иднината на нашите семејства, достоинството на нашата држава и гласот на секој еден граѓанин.

Силен СДСМ е единствената надеж дека Македонија ќе биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива. Затоа да извлечеме поука од минатото и да се здружиме околу борбата за вредности, за нашите идеали, да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните. Се бориме за чесност, за отчет и за работа што се гледа“,рече Филипче.


Слично

Поврзани вести