Филипче: Чувајте се колеги!
Министерот за здравство Венко Филипче во пост
на својот Фејсбук профил им порача на колегите, здравствените работници да се
чуваат и да грижат за себе во периодов додека трае кризата со коронавирусот.
Тој напиша:
– Колеги, здравствени работници – не заборавајте да се грижите за себе во овој период. Јадете доволно, одморајте колку можете и останете во контакт со вашите најблиски. Бидете внимателни, чувајте се!
Неговиот апел следува, откако вчера се регистрирани дури 11 нови случаи во општата болница во Куманово, по што властите одлучија градот во теков на викендов да остане во целосен карантин.
Слично
