Филипче: Честит празник, носете маски и држете дистанца
Министерот за здравство Венко Филипче им го честиташе на муслиманите денешниот празник Курбан Бајрам. Потсетува дека мора да се почитуваат мерките на заштита - да се носат маски и да се одржува дистанца.
„Честит Курбан Бајрам на граѓаните од исламска вероисповед. Ви посакувам добро здравје, среќа, љубов, меѓусебна почит и разбирање. Празниците носат радости, но и во тек на празнувањето да не заборавиме задолжително да ги почитуваме мерките за заштита - заштитна маска, зачестена хигиена на рацете, одржување на физичка дистанца. Чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, напиша Филипче на фејсбук.
Годинава ИВЗ се откажа од главното празнување и повика граѓаните да не се собираат, а намазот во џамија да биде на дистанца.
