Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

Кандидатот за нов лидер на СДСМ Венко Филипче, по гласањето на своето избирачко место во Општина Карпош рече дека гласањето се одбива мирно и дека има позитивна атмосфера. 

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од СДСМ, Филипче ги повика сите регистрирани членови да излезат да гласаат во што поголем број.

За сомнежите кои во изминативе денови излегоа во јавноста во однос на легитимитетот на постапката, Филипче, вели дека добиле известување од Централната изборна комисија дека тие сомнежи се неосновани.

„За спроведување на постапката одговорна е Централната изборна комисија која сите тие забелешки ги анализираше и не извести сите кандидати дека сите тие сомнежи се неосновани и дека целокупниот процес е легитимен“, изјави Филипче.

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места во државата, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23.000  акредитирани партиски членови.

Освен Филипче, кандидати се директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар Бајдевски, додека поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата. Таа обвини дека имало злоупотреба на лични податоци на членови на партијата. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести