Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Британецот се лекува во домашни услови, нема потреба од карантин за сопатниците

Филипче: Британецот се лекува во домашни услови, нема потреба од карантин за сопатниците

Венко Филипче, министерот за здравство во оставка, во вестите на Канал 5 рече дека британскиот патник кај кој е евидентиран првиот случај на сојот Омикрон е со лесна клиничка слика и се лекува во домашни услови.

Патниците од авионот нема потреба да се изолираат, во авионот носеле заштитни маски и ги почитувале протоколите.

- Според барањето на авиопревозниците, сите носеле Н95 маски, голем дел од населението е вакцинирано, според барањата за влез во земјата. Во таа смисла овој пациент е со многу лесна клиничка слика и се наоѓа во домашни услови.

Носителот на новиот сој е во добра здравствена состојва. Нема да има карантин за патниците во авионот, рече Филипче.

Министерот смета дека во моментов не постои ризик за влошување на епидемиолошката состојба во земјата.




Слично

Поврзани вести