Филипче бара заедничка акција: Важни препораки
Министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук бара заедничка акција од граѓаните за да се заштиме од ширењето на коронавирусот.
Тој ги повикува граѓаните кои биле во некој од ризичните региони во северна Италија, да останат во самоизолација 14 дена. Бара да се даваат точни информации и да се одржува хигиена.
„На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје. На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество, пишува министерот.
Вчера беше објавено дека во земјава има седум заразаени од коронавирусот. Меѓу нив е и директорката на Клиниката за дерматологија, која откако се вратила од скијање во Италија одела и на работа и држела симпозиум, односно била во контакт со околу 300 луѓе.
