Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Апелирав да се намалат цените, само една приватна болница изрази спремност

Филипче: Апелирав да се намалат цените, само една приватна болница изрази спремност

Министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска беше во посета Геронтолошкиот завод „13 Ноември" во Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека државата нема формално-правен механизам со кој ќе може да им наложи на приватните болници да ги намалат цените на здравствените услуги.

-Вчера имав состанок со медицинските директори на трите приватни болници, Ремедика, каде што не се лечат ковид-пациенти, клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина. Прво зборувавме за кадарот, веќе од утре треба да бидат на располагање и тоа пет лекари од Систина, двајца од Ремедика, и веројатно еден од Жан Митрев, иако првичната најава беше дека голем дел се на боледување, сепак реакоа дека еден лекар ќе биде на располагање. 

Овие лекари-специјалисти ќе бидат вклучени во ковид центрите и распоредени според системот на ротации. Втората тема за која разговаравме беа цените на здравствените услуги и иако апелирав тоа да се направи заради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика, истакна министерот Филипче.


Слично

Поврзани вести