Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Ако значајно се зголеми бројот на новозаразени веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки

Филипче: Ако значајно се зголеми бројот на новозаразени веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки

Ако се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19 во Македонија, особено ако сè повеќе се шири т.н. британски сој на вирусот, министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста за нови рестриктивни мерки. Сепак, во изјава за ТВ 24, тој потенцира дека во моментов нема потреба од зајакнување на мерките.

-Разговарав со претставници од британската амбасада кај нас, ја следиме ситуацијата, постојат две опции, или силниот бран се должи на мутацијата на вирусот, што значи дека ако значајно се зголеми бројот на случаи веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки или едноставно станува збор за природен тек на епидемијата во тие земји, не само како резултат на мутацијата на вирусот. Засега, со овој процент на детекција на мутацијата на вирусот, нема потреба да се воведуваат нови рестриктивни мерки, но будно ја следиме ситуацијата и гледаме како ќе биде, истакна министерот Филипче.


Слично

Поврзани вести