ФИЛИПЧЕ: Ако сме целосно усогласени со ЕУ, зошто тогаш гласаме спротивно на сите други европски земји?
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека ќе беше помудро да гласавме „за“ двете резолуции во Обединетите нации(ОН).
Додаде дека тоа ќе беше принципиелна и стабилна одлука, којашто ќе ја зајакнеше нашата позиција, ќе го зајакнеше нашето партнерство и со ЕУ и со САД.
„Ако сме целосно усогласени со ЕУ, зошто тогаш гласаме спротивно на сите други европски земји? Одговори на овие прашање не добивме од Владата. Гласањето за двете резолуции ќе беше наш јасен став дека сме за што поскоро завршување на војната во Украина“, изјави Филипче.
Премиерот вчера кажа дека Македонија е усогласена со надворешната политика на ЕУ. Пред три години почна руската инвазија на Украина.
Слично
