Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: 16 медицински сестри од ГАК во изолација, но тоа нема врска со последниот случај

Филипче: 16 медицински сестри од ГАК во изолација, но тоа нема врска со последниот случај

Министерот за здравство, Венко Филипче, при својата посета денес во Струмица, рече дека 16 медицински сестри од Клиниката за гинекологија во Скопје се во изолација заради ризикот од „Ковид-19“. 

Филипче истакна дека изолацијата на медицинските сестри нема никаква врска со неодамнешниот случај во понеделникот кога трудницата која се породи во Ремедика, претходно дала лажни податоци во епидемиолошката анкета на ГАК и лажно се претставила дека е лекарка.

"16 медицински сестри од Клиниката за гинекологија се во изолација, но не од овој случај. На повеќето од нив им изминуваат 14 дена и ќе се вратат на работа. Клиниката работи добро, а работата не се компромитира", рече меѓу другото министерот Филипче .



Слично

Поврзани вести