Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филип Рикер од Охрид: Извршната уредба на Џо Бајден е сигнал за оние со коруптивни практики

Филип Рикер од Охрид: Извршната уредба на Џо Бајден е сигнал за оние со коруптивни практики

Вршителот на должност помошник државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, денеска во Охрид на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека со новата Извршна уредба на претседателот Џо Бајден не може да каже дали ќе се најдат на „американската црна листа“ нови македонски граѓани, но подвлече дека тоа е сигнал на предупредување кон корумпираните.

„Извршната уредба на претседателот го вклучува Преспанскиот и Охридскиот договор како елементи на стабилност и напредок во регионот и САД е горда што беше дел од тие напори. Оние кои што спроведуваат коруптивни практики во регионот, без разлика дали се работи за експропријација на приватен имот или други видови на корупција. Ова на нашиот претседател му дава посилна алатка и посилно оружје за влијание во регионот.

Борбата против корупцијата е од врвен приоритет и во нашата надворешна политика и секако треба да се спроведуваат реформи кои што ќе донесат подобри можности и просперитет за сите граѓани“, рече меѓудругото Рикер, пдговарајќи на новинарско прашање.


Слично

Поврзани вести