Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филип Петровски се приклучи на фракција во ВМРО -ДПМНЕ, што му одговорија од партијата?

Филип Петровски се приклучи на фракција во ВМРО -ДПМНЕ, што му одговорија од партијата?

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ најави окрупнување со нови здруженија и групации. Велат дека немаат намера да формираат нова партија и дека со демократски средства ќе ја реформираат партијата. 

Остри критики за работата на ВМРО-ДПМНЕ упати и Филип Петровски. Рече дека кризата во партијата кулминирала со, како што рече, наместениот конгрес во Валандово при изборот на актуелниот лидер. Петровски го критикуваше договорот меѓу власта и опозицијата за реформските закони како и одлуката на пратениците да се вратат во Собранието.

„Господине Заев и господине Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ не треба да ви направи интерпелација, туку не смее да го признае господинот Талат Џафери за легитимен и во исто време треба сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат неотповиклива оставка од Собранието. Само на тој начин ќе биде предизвикана оваа ненародна власт која работи против интересите на Македонија и сите граѓани“- вели Петровски.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека партијата е демократска и дека секој којшто има различно мислење може да го каже.

Тие додаваат дека во нивниот статут нема предвидено фракционерско делување, како и дека тоа нема да го има и во новиот статут на кој се работи.

На Петровски му порачуваат дека нема кредибилитет да бара што било, затоа што, како што велат, тој не е член на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не го ажурирал членството.

Слично

Поврзани вести