Филип Петровски: Пратениците да си поднесат неотповикливи оставки и да дојдат со нас
Филип Петровски од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протест пред Собранието изјави дека премиерот, Зоран Заев и министерот за надворешни, Никола Димитров се предавници.
Тој бара да се повлече договорот за името потпишан со Грција.
Петровски бара министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да си поднесе оставка затоа што тепа жени и деца.
„Ги повикувам пратениците на СДСМ да си дадат оставки неотповикливи. Ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сите да си дадат утре оставки неотповикливи и да дојдат тука со нас. Ве повикувам сите вас, вие сте последната надеж на Македонија, изнесете ги луѓето на улица, и дијаспората ја повикувам со авиони, бродови да дојдат “- рече Петровски.
На народот му порача да не се предава.
