Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филип Петровски: Конгресот не смее да биде циркус и делегатите да гласаат под притисок

Филип Петровски: Конгресот не смее да биде циркус и делегатите да гласаат под притисок

Филип Петровски, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва  на Телма изјави дека се согласува со писмото на истакнатите членови на партијата и дека тоа што се случува на терен не е демократски процес за избор на претседател.

 „Се врши притисок и насилие врз членовите. Мицкоски е фаворит на Груевски, но не е фаворит на ВМРО-ДПМНЕ. Постојат многу луѓе блиски до Никола Груевски кои се делегати, а немаат никаков бекграунд во партијата.  Конгресот не смее да биде циркус и делегатите да гласаат под притисок“- рече тој. 

Тој смета дека на партијата и треба брза консолидација затоа што ги чекаат тешки прашања за државата. Петровски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во најтешка ситуација од формирањето на партијата. 

За себе вели дека е патриот и дека не му треба огромното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, туку сака контакт со членството за кое вели дека е незадоволно.

Слично

Поврзани вести