Петровски: Идниот лидер не смее да заземе страна меѓу најрадикалните вмровци и полибералните
Филип Петровски вечерва на телевизија Телма за тоа дали Никола Груевски ќе влијае на идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ одговори потврдно.
„Ќе има доста разместувања и лобирања. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија. Идниот лидер не смее да заземе страна меѓу најрадикалните вмровци и оние полибералните. Ако се примени консолидација ВМРО-ДПМНЕ во секој момент има повеќе поддржувачи од левицата“- рече Петровски.
Тој не знае колку кандидати ќе има, но смета дека може да бидат повеќе кандидати.За себе вели дека не е кандидат, иако има луѓе кои му рекле дека треба да се кандидира.
Слично
