Филип Петровски е разрешен, тој обвини за режим
Владата на Република Македонија донесе одлука за разрешување на Филип Петровски од позицијата директор на Државниот архив. Тој ваквата одлука ја оцени за незаконска, па дури власта на Заев која не победила на избори ја нарече режим.
- Ме разрешил нелегитимниот режим на Заев. Ако, тоа го очекував. Знам како работат РЕЖИМИ. Притоа не е важно што сум на ЗАКОНСКИ ГАРАНТИРАНИОТ одмор, бидејќи за нив не ни важат закони, напиша Петровски на Фејсбук.
На местото на Петровски, Владата го постави Кирил Петров. На истата владина седница беше разрешен и Лука Кржаловски, директор на Службен весник, а на негово место седнува Мартин Костовски.
Слично
