Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филип Петровски бара оставки од пратениците и повлекување на договорот

Филип Петровски бара оставки од пратениците и повлекување на договорот

Револуција не се прави за еден ден, порача Филип Петровски од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протестот пред Собранието. 

„Нека влезат со хелихоптери на утрешната седница. Ги повикувам пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сите да си дадат неотповиклива оставка“- рече Петровски. 

Тој ги нарече пратениците од мнозинството предавници.

Претходно побара од Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска да се повлече договорот, а побара и оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Не може да го тепаат цел народ, тука ќе бидеме секој ден. Ги повикувам јавните личности кои се тука да се обединат. Овдека е Македонија, внатре е предавството“- рече Петровски. 

Тој повика масовно да се излезе за одбрана на името. 

Рече дека луѓето мора да излезат на улица, за идните генерации. 

Слично

Поврзани вести