Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Албанците секогаш се унифицирани за големите прашања, а македонското ткиво е разјадено, Заев и Мицкоски не можат да се договорат ни за месна заедница

ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Албанците секогаш се унифицирани за големите прашања, а македонското ткиво е разјадено, Заев и Мицкоски не можат да се договорат ни за месна заедница

Откако премиерот Зоран Заев најави дека утре ќе се сретне со Алијанса и Алтернатива за законот за државјанство, Филип Петровски, од редот на фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека според неговото лично мислење, оваа интервенција што сега се прави од страна, за да се направи некаква Влада по примерот на Германија или шорока Влада, е обид да се стабилизира македонското ткиво.

„Македонското ткиво е толку разјадено, да не кажам во канцерогена фаза, што странците гледаат дека ќе се распадне државата. Вие кај Албанците имате една сериозна структура, идеологија и политичко делување, кое е унифицирано, кога имаат било каков интерес за кој сметаат дека се поклопува со големата слика, а меѓу Македонците не постои договор за ништо. Не попис, за месна заедница нема да се договорат Мицкоски и Заев ако нема интервенција. И затоа овие интервенции се во таа насока, да се направи баланс во државата, бдејќи тотално нема баланс. И мислам дека веќе тоа не им одговара генерално ниту на ншите странски партнери, НАТО, ЕУ и ткн.Тие не сакаат држава која што е постојано извор на нестабилност, на нервоза и на несигурност“, изјави Петровски за емисијата Клик плус на ТВ 21.

Според него, Мицкоски не може да го победи Заев. 

„Ако има некој друг претседател ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Заев може да изгуби на избори. Моментално во „Белиот дворец“ нема мажи“, посочи Петровски, додавајќи дека токму Сашо Мијалков го ставил Мицкоски за лидер на партијата преку нелегитимен конгрес.

Слично

Поврзани вести