Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фиксниот курс на денарот нема да се менува

Фиксниот курс на денарот нема да се менува
Народната банка на Македонија не ја менува политиката на фиксен курс на денарот, е пораката од конференцијата „Поставеноста на политиките и глобалното окружување: нов консензус од кризата?“. - Не доаѓа предвид промена на политиката на фиксниот курс на денарот, изјави Димитар Богов, гувернерот на Народната банка. Со мислењето на Богов се согласи и поранешниот гувернер на НБРМ Љубе Трпески. - Централната банка останува на поддржување на фиксен курс. Сè додека курсот е реален, може да продолжи таквата политика. Оној момент кога ќе се оцени дека придонесува за намалување на извозот и зголемување на увозот може да се размислува за друг пофлексибилен режим, но тоа мора да биде проследено со промена и на монетарната стратегија. Уште минатата година донесовме една таква мерка - ослободување од задолжителната резерва на кредитите дадени на извозници и инвестиции во енергетски проекти. Тоа е типична неконвенционална мерка, што значи се вклопуваме во она што се случува и во светот и она што беше сугерирано на последните пролетни средби на ММФ и Светска банка. Секако планираме и во иднина такви мерки. Ќе го оцениме моментот и ќе ја оцениме соодветноста на мерките и можеби ќе имаме нешто такво и понатаму, изјави Богов на конференцијата.
Слично

Поврзани вести