Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фијат Цаноски стравува дека ќе застари и „ТНТ“

Фијат Цаноски стравува дека ќе застари и „ТНТ“

Бизнисменот Фијат Цаноски смета дека со измените на Кривичмниот законик ќе запре кривичниот прогон во случајот „ТНТ“ поради застареност. Тој смета дека на повидок е нов судски преседан на Апелациониот суд, во кој е директно вклучен судијата известител и претседател на советот за предметот “ТНТ” , Ѓоко Ристов.

Овој судски процес “ТНТ” на 20 мај 2022 година заврши со кривична пресуда во која беа осудени неколкумина помеѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски. На 8-ми Мај 2023 г е одржана јавна седница на Апелациониот суд за овој предмет. Иако рокот за да се донесе Одлука после оджаната Јавна седница е 60 денови согласно ЗКП, судијата известител и претседател Ѓоко Ристов и со надминати рокови свесно сеуште не го става преметот на гласање иако Пресудата мора да го носи датумот на одржанта јавна седница 8-ми мај 2023 г.

На веб страната на апелациониот суд незаконски е закажана нова јавна седница во понеделник на 6 ноември 2023 г. во 9 часот и 30 минути.

„Со новата седница се прави обид да се оживее предметот иако правно завршен, притоа, ако истата се одржи ни дава за право да веруваме дека се врши ПРЕСЕДАН со прекршување на законот од страна на известителот и претседател на совет за предметот ТНТ, се со една единствена цел, а тоа е да се констатира застарување на овој предмет. Судијата ивестител и претседател на совет со ваквите дејствија оди во насока на спасување на осудените лица но на огромна материјална штета на ТД ФИНЕ“, стои во соопштението на Фијат Цаноски - ФИНЕ ДОО.

Утре на оваа тема ќе се одржи прес конференција во 12 часот во хотелот Александар Палас.


Слично

Поврзани вести