Филипче: Ќе поднесам тужба, не сум го рекетирал Жан Митрев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека ќе пооднесува тужби, затоа што, како што вели, влладејачката ВМРО-ДПМНЕ му смислила афера дека ја рекетирал клиниката на Жан Митрев.
„Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца.
Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе.
Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот.
Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави.
ВМРО ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам. Ова не е политика. Веројатно дефинитивно во Македонија на сите им се јасно што прават“, објави Филипче.
Слично
