Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фигаро“ прашува зошто Бугарија не сака Македонија да влезе во европското семејство?

„Фигаро“ прашува зошто Бугарија не сака Македонија да влезе во европското семејство?

Парискиoт весник „Фигаро“ пишува на тема зошто Бугарија не сака Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ). 

Веќе 16 години Северна Македонија трпеливо чека пред портите на ЕУ, иако нејзините лидери веруваа дека ја отстраниле најголемата пречка во 2018 година со потпишување на Договорот од Преспа за решавање на 30-годишниот спор околу името со Грција, наведува „Фигаро“, додавајќи дека сега Софија се повикува на историјата за да го оправда ветото на евроинтеграцискиот процес на земјата. Како што јави дописникот на МИА, весникот потсетува дека Преспанскиот договор предвидуваше земјава да се преименува во Северна Македонија, како „цена што ја плати малата земја со 2 милиони жители за влез во НАТО во март 2020 година и за конечно да го започне долгиот процес за влез во ЕУ”. „Фигаро“ наведува дека до 40-тите година на минатиот век,  Бугарија управувала со Македонија. Анонимен европски дипломат за „Фигаро” вели дека во овој случај „никој не е целосно бел, ниту целосно црн“. Весникот додава дека поранешниот специјален претставник на ЕУ во Северна Македонија, Ерван Фуере смета дека случајот е „многу сериозен” и „исклучително штетен за Балканот, како и за цела Европа”. Сега Бугарија поставува ново барање, а тоа е да се внесат Бугарите во Уставот на Македонија, додека пак македонската опозицијата, вели дека не може тоа да се направи, а Македонците во Бугарија да не бидат внесени во нивниот Устав. 

Слично

Поврзани вести