Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФФМ: Заев не може да се види со фудбалерите поради „заштитниот меур“

ФФМ: Заев не може да се види со фудбалерите поради „заштитниот меур“

Фудбалската федерација на Македонија се огласи со соопштение откако премиерот Зоран Заев вчера во интервјуто за ТВ Клан рече дека од организацијата не добил дозвола да се сретне со фудбалските репрезентативци пред настапот на Европското првенство. Заев наведе дека сепак националниот тим ќе дојде на прием во Владата, а од ФФМ тврдат дека средбата би била вон протоколите.

„Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност кон сите кои искажуваат честитки кон нашите репрезентативци пред историскиот настап на Европското првенство и имаат желба лично да им се обратат на фудбалерите со намера да им посакаат успех и добар резултат на натпрварите од Европскиот шампионат.

Но, истовремено, мораме одново да потенцираме дека согласно протоколите од УЕФА, како и јасните упатства кои ги имаме добиено, не сме во можност да организираме било каков прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи.

Важноста за превенција поради строгите ограничувања за здравствена заштита и наметнатите протоколи од УЕФА кои ги диктираат условите за било каква активност која не е поврзана со програмата на репрезентацијата пред Европското првенство, а уште повеќе што во тимот веќе има потврдено позитивен случај на Ковид-19 ја потврдуваат лицата задолжени за здравствениот протокол во репрезентацијата, лекарскиот тим и д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија. 

'Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозаат учеството на тимот во завршниот турнир. Самиот концепт на заштитен меур („team bubble“), има за цел да создаде заштитено и ограничено опкружување за играчите и техничкиот персонал во текот на нивниот престој во хотел и за време на патување во завршниот турнир. Делегацијата на тимот мора да избегне каков било контакт со кое било лице надвор од нивниот 'меур' за да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен', истакнува д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија. Се надеваме на целосно разбирање и дека заедно ќе придонесеме за поголема заштита на репрезентацијата пред заминување на Европското првенство“, се вели во реакцијата на ФФМ.

Заев во вчерашното интервју за ТВ Клан рече дека не добил дозвола да ги поздрави најдобрите македонски фудбалери пред дебито на Евро 2020, но дека сепак ќе има средба за испражање во Владата на Македонија.

„Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но председателот на ФФМ, гопсподинот Сејдини не дозволи средба, ниту во просториите на федерацијата, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ке се сретнеме и веке ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите, кој и како избираат раководство на федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската федерација е заробена од актуелниот председател. Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот, а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите“, рече Заев.


Слично

Поврзани вести