Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФФМ казнета поради непочитување на ковид-мерки

ФФМ казнета поради непочитување на ковид-мерки

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е казнета 10.000 евра од УЕФА поради прекршување на ковид протоколите за време на Европското првенство. Санкцијата, како што се наведува, е поради лошо однесување и потенцијално кршење на кодексот.

Постапката е против националниот тим а казната треба да се плати во наредните 90 дена.

За време на ЕУРО 2020 репрезентативците и стручниот штаб ги напуштиле хотелите во  Букурешт и Амстердам , што беше спротивно на Ковид-19 протоколите.

Дополнително, неофицијално при редовното тестирање на Македонските фудбалери , еден од репрезентативците дрско се однесувал кон официјалните лица за Ковид-19 тестирање.


Слично

Поврзани вести