ФФМ ја послуша јавноста, Македонија на ЕП ќе игра со старите дресови
Фудбалската федерација на Македонија се повлече од идејата македонската фудбалска репрезентација да настапува со новите дресови на Европското првенство по негативните реакции во јавноста.
Националниот тим во својот прв настап во историјата на едно големо фудбалско натпреварување ќе настапи со стариот дрес од 2016-та на кој доминираше црвено-жолтата боја и на која беше аплицирано македонското знаме на предната страна.
„Фудбалот се игра за фановите“ – напиша претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на официјалниот фејсбук профил по одлуката.
Гарнитурите на новите дресови доминираше бордо, црната и белата боја.
Слично
