ФФМ го прифати албанскиот како јазик на официјална комуникација
Додека политичарите се расправаат за тоа што значи двојазичност и како да се примени, ФФМ донесе одлука да донесе нов Статут во кој меѓудругото влегува и официјална употреба на албанскиот јазик.
Собранието на ФФМ, меѓу другото, го усвои финансискиот извештај и извештајот на независниот ревизор за 2016 година, а беше усвоен и буџетот на ФФМ за 2017 година. Усвоени се измени и дополнувања и во Статутот на ФФМ, при што албанскиот јазик е вметнат во новиот Статут како еден од јазиците за официјална комуникација во рамките на Фудбалската федерација. Овие промени во Статутот беа изгласани едногласно од страна на сите присутни 91 делегат во Собранието на ФФМ, пренесува Екипа.
Инаку Илчо Георгиевски доби доверба и со мандат од нови четири години повторно ќе биде претседател на ФФМ.
Слично
