Фетаи: Би им дале предмети на ОЈО за да покренат обвинение
Фатиме Фетаи, специјалната јавна обвинителка од тимот на СЈО, во интервју за емисијата „360 Степени“ на Алсат-М, посочи бидејќи СЈО веќе не може да отвора нови обвиненија поради истекувањето на законскиот рок од 18 месеци, обработените предмети во краен случај може да се поднесат и предадат до ОЈО само за да се стартуваат обвиненија бидјеќи правдата е најважна.
-Наша должност е ние да гониме кога постојат докази дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност. Самата кривична постапка е составена од повеќе фази. Имаме предистрага, после истрага, фаза на прибирање на докази, односно кога постои основано сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност, и фаза на покренување обвинение. Тоа е оној момент кога јавниот обвинител ќе собере доволно докази од коишто основано може да се очекува донесување осудителна пресуда. Токму поради таа спорна одредба од членот 22 од законот, можно е некои од предметите, односно некоја од нашите истраги да дојде во таа фаза, условно кажано, да биде печена за поднесување обвинение. Во таква ситуација, можно е таков предмет да биде предаден на работа на редовното Јавно обвинителство, и на тој начин би биле и законски покриени, вели Фетаи.
