Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЕТАИ СО НЕПОБЕДЛИВ СТАВ: Од правдата за „Монструм“ не се откажува

ФЕТАИ СО НЕПОБЕДЛИВ СТАВ: Од правдата за „Монструм“ не се откажува

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи е жена со свој изграден стил. Со секое свое појавување таа изгледа елегантно, а тоа го докажа уште еднаш. 

Денеска на еден од најболните судски предмети „Монструм“ кој уште се без завршница се појави во црн костим и сако со тренди црни очила за сонце.

Инаку „Монструм“ беше и останува во раце на обвинителката Фатиме Фетаи која денеска цврсто со непобедлив став кажа дека од борбата за правда не се откажува.

-Продолжува борбата за правда. Ние сме моќни иако не сме специјални-кажа Фетаи пред да влезе на рочиштето за случајот во кој беа убиени пет млади момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро во 2012 година.

Фатиме на судењето дојде во придружба на Гаврил Бубевски .

Слично

Поврзани вести