Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ФЕТАИ СО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО ДОБИЛ БЕЗБЕДНОСЕН СЕРТИФИКАТ ИАКО ЗАКОНОТ НЕ ДОЗВОЛУВА“: Мојсоска тврди Власта ги саботира пратениците

„ФЕТАИ СО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО ДОБИЛ БЕЗБЕДНОСЕН СЕРТИФИКАТ ИАКО ЗАКОНОТ НЕ ДОЗВОЛУВА“: Мојсоска тврди Власта ги саботира пратениците

Арбен Фетаи со ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО добил безбедносен сертификат за државна тајна, иако Законот за класифицирани информации не дозволува безбедносен сертификат од највисоко ниво за лица со двојно државјанство!

Ова го објави пратеничката од редовите на опозициската Левица, Јована Мојсоска на социјалните мрежи.
Таа укажа дека има опструкции од владините директори и од Власта во надзоранта работа на пратениците. 
- Јас (член на собраниската Комисија за надзор над АНБ и Агенција за разузнавање) повеќе од 6 месеци немам никаков одговор на моето барање за сертификат за државна тајна, иако (за разлика од вицепремиеров што не говори македонски јазик) НЕМАМ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО. Иако се должни да ми одговарат во рок од 6 месеци на моето барање, власта очигледно ги саботира пратениците да ја вршат надзорната функција над службите.

ДПМНЕ во опозиција обвинуваше дека АНБ под контрола на СДС не дава безбедносен сертификат на пратеникот Ковачки. Сега АНБ со директор од вмровскиот факултет за туризам повторно ја саботира собраниската Комисија за надзор и ја доцементира партизацијата на оваа безбедносна институција.

Ако не, да аплицирам и јас за двојно државјанство, па можда така ќе исполнам услов за вмровскиве директори?! - пишува Мојсоска на Фејсбук.

Еве ја нејзината објава:


Слично

Поврзани вести