Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фетаи не оди на седници на Влада, ама праќа поздрави од Тајланд: На Фејсбук објави фотографија до Бангкок

Фетаи не оди на седници на Влада, ама праќа поздрави од Тајланд: На Фејсбук објави фотографија до Бангкок

Вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, се појави на социјалните мрежи со фотографија од Тајланд, во момент кога подолго време не присуствува на седници на Владата и не е активен во институциите.

Неговото отсуство веќе не е само шпекулација, туку беше јавно потврдено и од министерот за здравство Азир Алиу, кој посочи дека Фетаи не доаѓа на работа.

Во изминатиот период, Фетаи не се појавува во јавноста, ниту одговара на новинарски прашања за причините за неговото отсуство. И покрај тоа, тој сè уште официјално ја извршува функцијата, без да биде разрешен.

Фотографијата од Тајланд дополнително ги отвори прашањата за неговиот статус, одговорноста кон функцијата и односот кон јавноста, особено во контекст на позицијата што подразбира транспарентност и добро владеење.


Слично

Поврзани вести