Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фетаи: Добив покана за диско и дело за кое не признавам вина

Фетаи: Добив покана за диско и дело за кое не признавам вина

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи беше една од жените која говореше на настанот ПичПрич на тема „Добив“ кој има за цел преку отворено говорење од лично искуство да потенцира различни ситуации во кои се нашле жените и низ хумор, емоции и проникливост да укаже на одредени состојби кои треба да се менуваат или идеи и насоки како да се постигне поголема родова рамноправност.

Фетаи своето искуство го раскажа како кривично-правен настан, односно дека била ставена на судот на јавноста за нејзината покана за одење во диско или како што таа се пошегува дека била обвинета за „сакање“, дека ете посакала еднаш да отиде во диско.

Во нејзин класичен стил Фетаи одржа одличен говор велејќи дека судот на јавноста според законот за кривична постапка со водење на предметот по службена постапка од новинарот Геровски постоел само затоа што таа како обвинител или уште повеќе како жена била во позната скопска дискотека.

Интересно е што внатре во дискотеката била сретната и од колега судија кој исто така бил изненаден „што таа барала таму“ иако и истото прашање по тие норми и стандарди треба да му се постави и на судијата. 

Фетаи вели дека не „признава“ вина и затоа не добила условна казна, а како и секој злосторник има намера да се врати на местото на злосторот, односно некогаш повторно би отишла во дискотека.

Фетаи имапе силна порака дека немирот доаѓа од недостигот на правда, и дека мора општеството сите да се потрудиме да го направиме поправедно и поправично. Особено, ова важи и за улогата на жените кои мора да бидат ослободени од наметнатите стеги и стереотипи и да бидат осудувани за постапки кои ги прават мажите.

Еден од побизарните настани како специјална обвинителка е што добила официјално барање од граѓанин да ги врати шишките кои одлично и стоеле. Таа објасни дека по барањето постапила службено и дека му објаснила на поднесителот дека СЈО нема надлежност да преземе понатамошни дејства што било сигурно многу смешно за стручните служби на институцијата, но ефективно.

Х.С.

Слично

Поврзани вести