Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фетаи: Ако Поповски е спречен во одењето, не е во зборењето

Фетаи: Ако Поповски е спречен во одењето, не е во зборењето

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште негодуваше што Ѓоко Поповски главниот обвинет во предметот „Триста“ не се појави пред судот поради наводно боледување. 

„Ако некој стори кривично дело јас ќе го гонам, па дури и да е на смртна постела“, посочи Фетаи. 

Судењето беше одложено за 21 ноември, а Фетаи изјави дека не и верува на одбраната која тврдеше дека Поповски не се појавил во судот затоа што лекар му препорачал да мирува. Таа предложи судот да определи вешти лица кои би утврдиле дали Поповски навистина не може да се јавува на закажаните рочишта, пренесува Фокус.

„Тој е обвинет, против него има постапка и тоа што е на боледување не значи дека не треба да се појавува на судските рочишта. Од ништо не произлегува дека тој е спречен да присуствува на денешното рочиште. Истото се случи и во текот на истрагата кога тој не се појави на распит. Тогаш лекарската комисија ме извести дека тој е ограничен во одењето и седењето, дека не е неподвижен и дека не е ограничен во зборувањето“ рече Фетаи обраќајќи му се на судот.

На тоа реагираше одбраната на обвинетиот. Адвокатот на Поповски рече дека доколку така му се обрати на судот ќе биде казнет.


Слично

Поврзани вести