Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фестим Халили: Денешниот ден е посебен, на овој датум почна промената

Фестим Халили: Денешниот ден е посебен, на овој датум почна промената

Фестим Халили од ДУИ на Фејсбук напиша дека денешниот ден е посебен затоа што е изгласан Законот за употреба на јазиците. 

Тој вели дека на овој датум започнала промената. 

„Разумните лидери и визионерската перспектива знаат како да ги надминат предизвиците. Нашата земја е отворена за избегнување на бариерите за предрасуди и стереотипи, сега интеграцијата во евроатлантските структури и економскиот развој за доброто на граѓаните треба да биде приоритет“ - напиша тој на Фејсбук. 

Попладнево има многу реакции за Законот за употреба на јазиците кој денеска е изгласан во Собранието, при што пратеникот Никола Груевски му пријде на спикерот Талат Џафери и кон него истури чаша со вода. 

Слично

Поврзани вести